Европски игри

Истанбул домаќин Европските игри во 2027 година

28.03.2024 09:00

Извршниот комитет на Европските олимписки комитети (ЕОК) денес објави дека градот Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година.

Извршниот комитет на Европските олимписки комитети (ЕОК) денес објави дека градот Истанбул ќе биде домаќин на Европските игри во 2027 година.

ЕОК во соопштението рече дека едногласно ѝ го доделиле четвртото издание на натпреварот на турската метропола. Комитетот изјави дека тие предвидуваат дека „нема да има дополнителна градба“ надвор од местата или веќе изградени или веќе планирани за градот.

Европските игри, континентален мултиспортски настан во олимписка традиција, првпат се одржаа во 2015 година во Баку.

Претходните домаќини беа белорускиот град Минск (2019) и Краков-Малополска во Полска (2023).