Товарниот брод што го урна мостот во Балтимор превезувал опасни материјали
Црната кутија од бродот што го урна мостот во Балтимор е пронајдена, а потрагата по исчезнати работници е запрена...

Товарниот брод што го предизвика уривањето на мостот во Балтимор превезувал опасни материјали, соопшти Националниот одбор за безбедност на транспортот. Дел од контејнерите биле пробиени и идентификуван е одреден сјај во водата.
„Идентификувавме 56 контејнери со опасни материјали од класа девет, кои вклучуваат литиум-јонски батерии. Некои од контејнерите беа пробиени. Федералните, државните и локалните властите се свесни за тоа и ќе бидат задолжени за решавање на тие прашања“, изјави Џенифер Хоменди, претседател на Националниот одбор за безбедност во транспортот.
Во меѓувреме, црната кутија од бродот што го урна мостот во Балтимор е пронајдена, а потрагата по исчезнати работници е запрена.
