ЦУК: Два пожари на отворено во последното деноноќие, 1.853 повици на 112
Во последното деноноќие регистрирани се два пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера гаснеле запалена депонија во валандовското село Јосифово...

Во последното деноноќие регистрирани се два пожари на отворено. Пожарникарите од ТППЕ Валандово вчера гаснеле запалена депонија во валандовското село Јосифово. Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе гаснеле запалена ниска вегетација во близина на село Преод во Општина Свети Николе.
Двете интервенции биле извршени со екипи од по тројца пожарникари и едно противпожарно возило, информираат утрово од Центарот за управување со кризи.
Во изминатото деноноќие имало една помала интервенција на запален оџак на улица „Младинска“ бр. 236 во Струмица.
Согласно препораките на пожарникарите, оџаците е потребно редовно да се чистат. ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, редовно да се чистат локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив.
Во последното деноноќие имало вкупно 1.853 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 46,52, а 53,48 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,44 отсто, кон итната медицинска помош 26,32, а кон пожарникарите 2,43 отсто од реалните повици кон 112.
