МВР

Казнети 173 возачи за брзо возење на територијата на цела држава

28.03.2024 10:35

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 173 возачи, информираат од МВР.

Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 60 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението.