Лекарската комора ќе соработува со Институтот за животна средина и здравје при УЈИЕ

18.06.2014 14:46

Со оваа спогодба, Лекарската комора на Македонија промовира нов пристап кон градење на современ начин на менаџирање на јавното здравје...

Лекарската комора на Македонија и Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово – Институт за животна средина и здравје (УЈИЕ-ИЖЗС) потпишаа спогодба за соработка со која ги уредуваат меѓусебните односи, условите и начинот на вршење на образовната, научно истражувачката и здравствената дејност како функционална целина, согласно со потребите на студентските програми за здравствен менаџмент и јавно здравје – втор циклус, како и нивно промовирање преку веб - сајтови и други пропагандни материјали.

Со оваа спогодба, Лекарската комора на Македонија промовира нов пристап кон градење на современ начин на менаџирање на јавното здравје. Високообразовната дејност согласно студиските програми и планови, како и научно –истражувачката дејност, како што е прецизирано во спогодбата, се изведуваат на ИЖСЗ со кадровска помош од страна на Лекарската комора во делот на клиничката настава.

Соња Стојановска