штрајк
Штрајк во „Аустријан ерлајнс“
28.03.2024 11:54
Двата лета за денеска и едниот за утре од Виена до Скопје на австриската авиокомпанија се откажани...

Штрајк во „Аустријан ерлајнс“. Компанијата откажа 400 летови кои влијаат на 50.000 патници. Двата лета за денеска и едниот за утре од Виена до Скопје на австриската авиокомпанија се откажани.
Штрајкот почна денеска и ќе трае до утре, 29-ти март, поради спорот на работниците околу платите.
