БУГАРИЈА

Бугарија не успеаа да направи влада

28.03.2024 11:56

Од партијата на Слави Трифонов велат дека единствено решение се нови избори...

Политички ќор-сокак во Бугарија. И „Има таков народ“ го врати неисполнетиот мандат за состав на влада. Од партијата на Слави Трифонов велат дека единствено решение се нови избори. Претходно мандатот го врати и ГЕРБ и коалицијата Продолжуваме со промената – Демократска Бугарија.

Со уставните измени, најпрвин треба да биде избран технички премиер кој ќе именува преодна влада и ќе треба да закаже избори во рок од два месеца.