Подигнато нивото за безбедноста на Европа
Вклучен црвениот аларм на стариот континент. Војната во Украина, а особено по крвавиот терористички напад во Москва ги натера европските влади да го подигнат нивото на безбедност. За чешкиот шеф на разузнавањето, Европа се наоѓа во најтешка безбедносна состојба од Втората светска војна ...

Војната во Украина, а особено терористичкиот напад во Москва за кој одговорноста ја презеде екстремистичката група ИСИС, го вклучија црвениот аларм на стариот континет. Подигнато нивното на безбедност во повеќе земји во унијата. Моменталната безбедносна состојба во Европа е најлоша од втората светска војна, предупредува шефот на чешката разузнавачка служба. Според него, рускиот експанзионизам и можното враќање на терористичките групи, претставуваат голема закана за европските демократии. Генералниот секретар на Светската организација, Гутереш, од Брисел порача дека светот се наоѓа во мрачен период, а улогата на Европа на глобалната сцена е поважна од кога било досега.
Од Советот за безбедност до глобалната финансиска архитектура, мораме да ги трансформираме меѓународните институции за да можат да одговорат на предизвиците на нашето време и да даваат резултати за сите – вклучувајќи ги и најранливите.
„Затегнатите односи меѓу Русија и Западот по војната во Украина, дополнително ја усложнија безбедносната состојба во Европа. Се зголемија сомнежите дека апетитите на Путин, нема да запрат со Украина. Тој таквите наводи ги нарече смешни“, изјави Антонио Гутереш – генерален секретар на ООН.
„Русија нема претензии кон ниедна земја на НАТО и нема да ги нападне Полска, Балтичките земји, ни Чешка, но ако западот ја снабди Украина со ловци Ф-16, руските сили ќе ги соборат. Овие авиони можат да носат и нуклеарно оружје, а доколку се користат на аеродроми од трети земји, истите ќе станат легитимна цел“, изјави Владимир Путин претседател на Руската федерација.
Во Европа со особено внимание се следат и претседателските избори во САД. Брисел работи на резервен план, особено по коментарите во предизборната кампања на републиканскиот претседателски кандидат Трамп дека НАТО ја губи смислата и дека е потребно е да се преиспита суштината на постоењето на Алијансата. Трамп и за време на неговиот претседателски мандат, неколкупати се закануваше дека ќе се повлече од НАТО.
Маја Стојанова
