Конференција

Со меѓународни стандарди, помалку сива економија

28.03.2024 13:43

Сивата економија е проблем за секоја земја. Многу пари ја чинат државата од фирмите кои работат а не се никаде регистрирани.

Сивата економија би можела да се намали од 35 на 25 отсто и полесно да се детектира затајувањето данок, ако сметководството се усогласи со меѓународните стандарди и процесот целосно се дигитализира – едногласни се бизнисот и надлежните институции.

Законот за сметководство е донесен во 2022 година, но државата каска зад другите земји во усогласувањето со европските стандарди – вели директорката на Институтот, Прентовска.

Сметководителите бараат од Институтот да се издаде правилник до јуни, бидејќи од 2025-тата година меѓународните стандарди ќе важат за сите. Во новиот Предлог-закон вметната е одредба што ги обврзува големите компании за известување во согласност со ЕСГ-стандардите, донесување нефинансиски извештај заедно со годишниот финансиски извештај да важи за сите компании што имаат над 500 работници.

 

Александра Велинова