Ристески: Законот за бришење на постари долгови од десет години е неприменлив
Продолжува институционално системскиот рекет на граѓаните преку земање огромни суми за почетно ситни долгови, вели претседателот на КСОМ, Ристески. Законот за бришење на постарите долгови од десет години е неприменлив, а граѓаните се единствените оштетени...

Продолжува институционално системскиот рекет на граѓаните преку земање огромни суми од нив за почетно ситни долгови, откако законот кој беше донесен за бришење на оние постари од десет години е неприменлив, вели претседателот на КСОМ, Ристески. Тој го гледа сето ова како измама и смета дека подобро би било да не бил донесен воопшто. Граѓаните се сега единствените оштетени. Така што имате во земјава долг од 60 денари за паркинг, кој станал речиси 19 илјади денари, додава Ристески.
Граѓаните не ги знаат законите, ниту се должни, а нотари, адвокати, министерства, судови и извршителите сите креваат рамења за тоа кој треба да пресече дека долгот е постар од 10 години за да се избрише.
Од друга страна, сведоци сме какви се тешки кривични дела застареа, па дури има случаи кога данокот спрема државата застарел, но кога се обичните граѓани во прашање сè се претвора во лавиринт и никој не постапува. Затоа, вели Ристески добро е што е предизборие и што ќе може да преговара со политичките партии, која ќе се нафати навистина да го реши проблемот.
Фиљана Кока
