УЈП со опомени до фирмите и граѓаните за долгот за радиодифузна такса
Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите...

Поради неплатен долг за радиодифузна такса, Управата за јавни приходи отпочна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање.
Доставени се опомени за 31.660 фирми, правни лица и вршители на дејност, поради заостанати долгови и неплатена такса во вкупен износ од 37 милиони и 302 илјади денари.
Од следната седмица ќе отпочне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.
Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една седмица од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот.
За да се избегнат дополнителните трошоци и мерките за присилно наплатување на долговите, Управата за јавни прихопди апелира обврзниците во најкраток можен рок да го платат заостанатиот долг за радиодифузна такса.
