Собрание

Крај на носењето закони на актуелниот парламентарен состав

28.03.2024 14:39

Последна седница на овој собраниски состав. Во 4 годишниот мандат одржани биле 149 седници, но комплетно завршени биле 102 – брифираше собранискиот спикер Јован Митрески...

Крај на носењето закони на овој парламентарен состав. Во 4 годишниот мандат одржани биле 149 седници, но комплетно завршени биле 102 – брифираше собранискиот спикер Јован Митрески. И ако вкупно биле донесени над 830 акти, сепак 139 не влегле во процедура или поради несвикување на комисија или поради голем број на поднесени амандмани.

Сепак, овој парламентарен состав ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на државата на 12-ти мај, а 20 дена по изборите Митрески, треба да ја закаже конститутивната седница на новиот собраниски состав. Ако тој тоа не го стори, ќе го стори најстариот парламентарец избран од граѓаните.

Митрески очекува дека со новиот деловник кој ќе стапи на сила со новиот собраниски мандат ќе се подобри работата на собранието. Комисиите ќе може да ги закажува претседателот на Собранието, а и интерпелациите ќе бидат први на дневен ред на седница. Во овој состав 3 интерпелации биле разгледани, за седумина функционери не расправало Собранието, а требало.

 

Миле Ристески