економија

Примена на глобалниот данок од 15%

28.03.2024 14:41

Од први јануари годинава воведен е таканаречениот глобален данок на добивка од 15 проценти. Ова ќе биде на удар за голем број странски компании кои се во технолошко-развојните зони или надвор од нив. Кај нас данокот сè уште не е во функција. Сè уште се применува рамниот данок од 10 проценти. Неговата примена ќе биде од 2026 година …

Педесетина странски компании во земјава ќе плаќаат глобален минимален данок на добивка од 15 проценти кој Меѓународната организација за соработка и развој го наметна за да се стави крај на меѓудржавната трка со даночни олеснувања за привлекување повеќе инвеститори. Според првичните симулации направени по барање на Советот, ова може да удри со триесет милиони евра на годишно ниво по буџетската каса.

Првите плаќања треба да почнат од 2026 година и тие ќе се однесуваат за работењето од оваа година.

Плаќањето на глобален минимален данок важи за оние компании што имаат годишен приход од 750 милиони евра, без разлика дали се домашни или странски. Мизо вели, Советот очекува државата да донесе одлука како ќе одговори од аспект на даночните ослободувања и идната државна помош за странските компании.

 

Ана Јосифоска-Тодоровска