ССМ

ССМ најавија серија протести поради ниските плати

28.03.2024 14:49

Синдикатот се подготвува за жешко лето. Најавува протести за работнички права и поголема плата ...

Работниците летово нема да мируваат. Серија протести поради ниските плати најави првиот човек на сојузот на синдикати. Според Слободан Трендафилов, првиот протест е најавен за втори април кој ќе започне од пред седиштето на ССМ и ќе заврши пред Врховниот суд. Вториот ќе се одржи на осми април и на улица ќе излезат работниците од здравството, фармацијата и социјалната заштита, каде ќе кажат дека не се задоволни од претстојното усогласување на платите.

Синдикалците најавуваат и низа протести за првомајските празници. Главниот е најавен и за 1 мај каде се очекува река народ да излезе на улица.

Синдикатите најавуваат жешко лето, проследено со низа протести поради ниските работнички плати.

До Сојузот на синдикати досега не е пристигнато барање за средба од политичките партии кои изминатите денови остваруваат средби со Стопанските комори. Трендафилов рече дека добро би било да се чуе и гласот на работниците, зашто повеќе од 750 илјади вработени ја носат одлуката кој ќе ја води државата во следните години.

 

 

Борис Грујоски