Атланта победува без Антиќ
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Перо Антиќ преседе на клупата без да стапне на паркетот во уште еден НБА-натпревар којшто неговата Атланта го реши во своја корист. Хокс ноќеска триумфираа над Кливленд Кавалирс со 108-89, што за нив беше 11.победа во 21.меч во годинашната сезона во професионалната конкуренција. Ал Хорфорд постигна 20, а Пол Милсап додаде 16 поени за Атланта, за која ова беше седми успех во десеттиот натпревар на домашен паркет. Со биланс над педесет насто, екипата на Антиќ е на третото место на табелата во источната конференција.

Лос Анџелес Лејкерс триумфираше на гостувањето кај Сакраменто со 106-100, два дена пред најавеното враќање на опоравениот Коби Брајант во дресот на „езерџиите“, на неделниот меч со Торонто. Пау Гасол и Џоди Микс со по 15 коша беа најпрецизни во тимот на Лејкерс, кој со биланс од 13 победи и 7 порази е четврти во западната конференција.
Екипата на Њујорк ја прекина серијата од шест порази по ред, со уверлива победа над Орландо од 121-83. Најзаслужен за само петтиот триумф на Никс во 18.натпревар во сезоната беше Кармело Ентони со 20 поени, 11 скокови и 4 асистенции.
*
НБА лига, резултати од петок
Атланта – Кливленд 108-89
Сакраменто – ЛА Лејкерс 100-106
Њујорк – Орландо 121-83
Шарлот – Филаделфија 105-88
Вашингтон – Милвоки 105-109 (по продолжение)
Бостон – Денвер 106-98
Хјустон – Голден Стејт 105-83
Њу Орлеанс – Оклахома Сити 95-109
Феникс – Торонто 106-97
Портланд – Јута 130-98