Македонија
Долговите ниту се наплаќаат, ниту се бришат
28.03.2024 18:03
Отписот на долгови заглавен во судските лавиринти, законите постојат, а граѓаните лутаат по институциите, долговите ниту се наплатуваат, ниту се бришат...

Отписот на долгови заглавен во судските лавиринти, законите постојат, а граѓаните лутаат по институциите, долговите ниту се наплатуваат, ниту се бришат. Извршителите беа во фокусот на јавноста повторно. Се работи за извршителката Весна Јакимовска, којашто беше обвинета за напад врз новинар. До каде е таа постапка и како реагира во овој случај Комората на извршители? На овие прашања во Дневникот ни одговара Весна Деловска, претседателка на Комората на извршители.
