Трет ден од потрагата по исчезнатото девојче, проверка на базните станици и телефоните на родителите
Трет ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ од Србија. Полицијата ги прегледува мобилните телефони на родителите за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало. Со багер се ископува земјиштето покрај куќата каде исчезна малата Данка. Министерството за внатрешни работи на Србија апелира да не се објавуваат непроверени и неточни информации што би ја загрозиле истрагата...

Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поле кај Бор продолжува трет ден, а откако е утврдено дека девојчето не се наоѓа на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето, полицијата денес потрагата ја врши оперативно со проверување на базните станици, прегледување на мобилните телефони на родителите за да се потврди со кого контактирале во периодот кога девојчето исчезнало.
Полицијата ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
На местото на исчезнувањето на двегодишната Данка пристигнат е и багер кој го чисти просторот околу куќата од разни грмушки и дрвја за да не открие некаква трага.
„Дојдов да ја отворам куќата, полицијата да прегледа внатре дали има некаков траг од девојчето“, вели маж од Бањско Поле.
„Тие само понекогаш доаѓаат во Бањско поле, тие не живеат овде“, вели Бањско Поле.
„Имаше над 1.000 луѓе што го бараа детето. Можно е да е отидено во шума-но не верувам!“- вели маж од Бањско Поле.
Според медиумите видеокамерите во Бањско Поле ја забележале мајката со малолетната Данка Илиќ како се движи во смер на својот дом, но и возило плаво Пунто на иста локација како со голема брзина се движи неколку минути после исчезнувањето на девојчето, но полицијата не се огласи за ова сознание.
Под сомнение се сите кои бил е во непосредна близина на Данка Илиќ, што, како што се наведува, не значи дека се сметаат за виновни.
Во потрагата по двегодишното девојче, чие исчезнување беше пријавено во вторникот, учествуваа повеќе од 500 припадници на МВР и доброволци.
Данка Илиќ исчезна во понеделникот, а во моментот на исчезнувањето во Србија прв пат е активиран системот „Пронајди ме“.
Според Тома Фила или детето е киднапирано или продадено, со што претпоставува дека е киднапирано.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ
