Македонија

Трповски не бил убиен поради лекарската професија, приведени се тројца осомничени

28.03.2024 19:52

Уште едно лице е приведено за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски, кој беше пронајден со убодни рани во скопската населба Железарница...

Уште едно лице е приведено за убиството на матичниот лекар Ацо Трповски, кој беше пронајден со убодни рани во скопската населба Железарница, потврди министерот Тошковски. Претресот е направен синоќа во доцните часови, од досегашната истрага мотивот за убиството не е поврзан со професијата. Известува Анита Димитријевска-Велковска.