Македонија
ОЛАФ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра
28.03.2024 21:04
Државата треба да врати 2,2 милиони евра европски пари преку програмата „Еразмус плус“...

Државата треба да врати 2,2 милиони евра европски пари преку програмата „Еразмус плус“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност пратила барање и до Управата за финансиска полиција за доставување на информации во врска со извршените проверки на Европската канцеларија за борба против измами.
Им било соопштено дека предметот е кај Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражна постапка.
