фармери

Финансиска помош за млади земјоделци

29.03.2024 07:54

На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата и годинава ќе им помогне со неповратна финансиска помош до 10 000 евра. Ова право можат да го остварат земјоделци на возраст до 40 години …

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис и кој е запишан во Единствениот регистар на земјоделски стопанства и оваа година дека ќе може да побара од државата финансиска поддршка до 10.000 евра.

По јавниот повик објавен од платежната агенција и одобрувањето на субвенцијата, парите може да се доделат во вид на авансна исплата до 40 проценти од вкупната вредност на одобрениот износ, а остатокот се исплаќа по реализацијата.

Право за аплицирање имаат земјоделци не постари од 40 години, за финансирање на основните средства за работа, инвестиции во опрема за преработка на земјоделските производи и производи од животинско потекло, како и за отворање на сопствен агробизнис.

Корисниците на ИПАРД за истиот вид на инвестиција не можат да аплицираат за оваа финансиска поддршка како и оние кои лани добиле пари од истата мерка.

Доколку намената на вложувањето согласно одобрениот деловен план предвидува преработка на земјоделски производи, по реализација на инвестицијата, дејноста ќе треба да се евидентира во Агенцијата за храна и ветеринарство.

 

Методија Трајков