Одложена пресудата за „Монструм“- конечна одлука на 30-ти јуни

18.06.2014 15:22

Обвинителката во завршниот збор побара максимална казна за обвинетите. Одбраната ги отфрли доказите и изјавите на заштитениот сведок...

Наместо денеска, пресудата за случајот „Монструм“ обвинетите ќе ја дознаат на 30-ти јуни. Причина за одложувањето е болест на судечкиот судија. Родителите на убиените, револтирани затоа што сеуште не се екстрадирани дирекните извршители на 5-кратното убиство. Отфрлаат наводи дека случајот е монтиран.

„Од каде монтиран овој случај?! Двајца од осомничените се во бегство. 18 години имаа децата. Што можеа да згрешат за да заслужат такво нешто?!“, велат родителите на убиените момчиња.

Обвинителката во завршниот збор побара максимална казна за обвинетите. Одбраната ги отфрли доказите и изјавите на заштитениот сведок.

„Ние од почетокот истакнавме дека овие обвинети не се виновни и е многу природно да очекуваме истите да бидат ослободени од ова обвинение“, иазјави адвокатот Насер Рауфи.

На обвинителната клупа седеа петтемина кои се товарат за тероризам. На обвинетите Алил Демири и на  Африм Исмаиловиќ  им се судеше во отсуство. Тие сеуште се во затвор во Косово и издржуваатдвегодишна.Лани во март беа уапсени во Приштина, но, постапката за нивна екстрадиција се одолговлекува.

Судскиот процес познат како „Монструм“ против петтемина обвинети почна во декември 2012 година, а во него се одржаа 45 рочишта на кои беа сослушани над 25 сведоци.

Масакрот кај Смиљковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, кога беа убиени четирите момчиња од населбата Радишани и сведокот на злосторството од селото Црешево.

 

Наташа Гркова-Петрушевска