Одбрана

Потпишување договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО за патролирање над македонското небо

29.03.2024 07:59

На потпишувањето на Техничкиот договор со кој Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија, ќе му претходи заедничка средба на двајцата министри...

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето ќе го потпишат Техничкиот договор за вклучување на италијанските воздухопловни сили во НАТО мисијата за воздухопловно патролирање над македонското небо.

На потпишувањето на Техничкиот договор со кој Италија и официјално ќе биде вклучена во оваа НАТО мисија, ќе му претходи заедничка средба на двајцата министри.

Небото на Северна Македонија со официјалниот почеток на НАТО „air policing“ мисијата во нашата земја во декември 2021 година, и официјално стана дел од колективниот систем на Алијансата за воздушно патролирање. Досега, воздухопловното патролирање беше доверено на грчкото воено воздухопловство, а отсега тоа ќе се врши со воздухоплови на грчките и на италијанските воздухопловни сили, во координација со военото воздухопловство на Армијата на Република Северна Македонија.

Мисијата за воздухопловно патролирање на нашето небо ја раководи Сојузничката воздухопловна команда на НАТО, а тактичката контрола на мисијата е под раководство на Центарот за комбинирани воздухопловни операции во Торехон, Шпанија.