Израел

Нови напади врз цели на Хамас

29.03.2024 08:20

Мрежата од подземни тунели долга 2,5 километри што ги поврзуваше јужните и северните делови на градот Газа е минирана и уништена, соопшти израелската армија...

Висок командант на Хамас е елиминиран од израелската одбрана во болницата Ал Шифа. Мрежата од подземни тунели долга 2,5 километри што ги поврзуваше јужните и северните делови на градот Газа е минирана и уништена, соопшти израелската армија.

„Високиот функционер на Хамас што го елиминиравме служел како шеф на снабдувачкиот корпус на воениот огранок. Во минатото, тој служел како шеф на производствениот систем на Хамас и е центар на знаење на организацијата во врска со опремата и муницијата“, изјави Даниел Хагари, главен израелски воен портпарол.

Сирија тврди дека израелски авиони ја нападнал областа околу Дамаск. Во меѓувреме палестинската управа, која управува со западниот брег, формираше нова влада.