Избори

Партиите ги финишираат со кандидатските листи

29.03.2024 09:24

ВМРО-ДПМНЕ ги потврдија кандидатските листи со кои ќе оди на парламентарните избори. Ковачевски пак, потврди дека нови предизборни коалиции нема да има ...

Централниот и извршниот комитет ги потврдија кандидатските листи со кои ВМРО-ДПМНЕ ќе оди на парламентарните избори. Денеска ќе биде потпишан договор со коалициските партнери.

Мицкоски очекува власта да продолжи со црната кампања.

Ковачевски пак, потврди дека нови предизборни коалиции нема да има. Приоритети се уставните измени, како услов за продолжување на пристапните преговори со Европската унија.