Викендов ќе започне летното сметање на времето
Летното сметање на времето во 2024-та година започнува на 31-ви март во 02:00 часот...

Летното сметање на времето во 2024-та година започнува на 31-ви март во 02:00 часот. Стрелките на часовникот треба да се поместат за еден час нанапред, односно времето во 2 часот, ќе се смета како да е 3 часот.
До крајот на март денот ќе се зголеми, а со поместувањето на стрелки, ден ќе имаме се до 19 часот, а на почетокот на летото и до 20 часот.
Летното сметање на времето завршува на 27-ми октомври во 03:00 часот, така што со поместување за еден час наназад времето во 03:00 часот, се смета како 02:00 часот.
Одлуката на Владата за воведувањето летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето и согласно европски директиви.
Преминувањето на времето од зимско кон летно и обратно, првпат почнало во 1916-та година во државите на северот во Европа, а денес е практика во 70 земји од светот.
