СЕВЕРНА КОРЕЈА

Русија ја запре контролата на санкциите на ОН врз Северна Кореја

29.03.2024 11:16

Мандатот на набљудувачите истекува на крајот на април. Одлуката беше проследена со силни критики, вклучително и од САД, Велика Британија, Франција и Јужна Кореја.

Во Советот за безбедност на Обединетите Нации, Русија гласаше против продолжувањето на мандатот на експертите на Обединетите нации, кои ги надгледуваат санкциите врз Северна Кореја. Мандатот на набљудувачите истекува на крајот на април. Одлуката беше проследена со силни критики, вклучително и од САД, Велика Британија, Франција и Јужна Кореја.

Во најновиот извештај, објавен на почетокот на март, експертското тело информира дека ги истражува извештаите оти Северна Кореја и доставува на Русија оружје за употреба во војната во Украина. Во извештајот се вели и дека Северна Кореја продолжила да ги крши санкциите – вклучително и со тестирање балистички ракети и кршење на ограничувањата за увоз на нафта.