Македонија

Парламент што ќе ги решава граѓанските, а не личните проблеми

29.03.2024 11:48

Парламентот заминува, ќе чекаме да стигне новиот. Граѓаните им даваат црвен картон на парламентарците за досегашната работа. Бараат нов профил на политичар за кој ќе гласаат …

Се занимаваа повеќе со себе си, отколку со потребите на оние кои ги избраа. Не се справија со корупцијата, владеењето на правото, законите и нивното спроведување, а уште помалку со животниот стандард. Вака граѓаните ги испраќаат досегашните парламентарци. Ланската доверба од 24 проценти, според анкетата на ИРИ, за граѓаните, нивните избраници ја прокоцкале.
 

На прагот на изборниот циклус, веќе е оформен профилот на парламентарецот кој граѓаните сакаат да ги претставува.

Решавањето на корупцијата, функционирањето на системот и законите, работа за младите се приоритети со кои треба да се занимаваат идните народни избраници, порачуваат од невладините здруженија.

Партиите наскоро ќе ја почнат трката по гласови.

 

Елизабета Митреска