Руски напади на енергетската инфраструктура низ Украина
Киев соопшти дека Москва лансирала 26 проектили и 58 беспилотни летала, а противвоздушната одбрана пресретнала повеќето цели. Поради нападот Полска ја подигна својата и сојузничката авијација...

Во текот на ноќта Русија изврши уште еден голем напад со беспилотни летала на енергетската инфраструктура низ Украина, тврди украинскиот министер за енергетика. Воздушна опасност е прогласена на територијата на целата земја.
Киев соопшти дека Москва лансирала 26 проектили и 58 беспилотни летала, а противвоздушната одбрана пресретнала повеќето цели. Поради нападот Полска ја подигна својата и сојузничката авијација.
Претходно, украинскиот претседател Зеленски предупреди дека голема руска офанзива ќе почне на крајот на мај или во јуни и дека Украина не е подготвена за тоа. Побара од Конгресот на САД да ја деблокира помошта.
