РЕМ Центарот во Тетово ќе отвори 250 работни места
Во комплексот има хотел, деловен простор и стамбени единици. Целокупната инвестиција е на компанијата РЕНОВА...

Во Тетово е отворен РЕМ центарот кој претставува една од најголемите домашни инвестиции во западна Македонија која изнесува 40 милиони евра. Во комплексот има хотел, деловен простор и стамбени единици.
Целокупната инвестиција е на компанијата РЕНОВА и со него се предвидува отворање на 250 нови работни места.
РЕМ комплексот се состои од трговски центар од 12.000 метри квадратни, луксузен хотел со 5 звезди на 12 ката, панорамски ресторан на најгорниот кат од хотелот, 146 станови и 400 паркинг места, на вкупна изградена површина од 60.000 метри квадратни.
Денеска беше во употреба трговскиот центар РЕМ мол, а сопствениците, семејството Идризи, најавуваат дека за кратко време во употреба ќе бидат пуштени и хотелот и станбените единици.
