ШПАНИЈА
Најмалку четири лица загинаа во невреме во Шпанија
29.03.2024 13:32
Издадени предупредувања низ неколку области што важат за популарни дестинации за туристите за време на велигденските празници...

Најмалку четири лица загинаа во налет на бурата „Нелсон“, што го зафати шпанскиот брег предизвикувајќи големи бранови и силен ветер. Две лица се удавија во градот Тарагона, источна Шпанија и две во регионот Астурија.
Издадени предупредувања низ неколку области што важат за популарни дестинации за туристите за време на велигденските празници. Бурата „Нелсон“ проследена со силен дожд, ветер и снег зафати претходно и делови од Обединетото Кралство.
