ОЈО

ОЈО спроведува предистражна постапка за злоупотребени пари преку програмата „Еразмус плус“

29.03.2024 14:18

Европската комисија не коментира, но активно се спроведува истражната постапка за злоупотреба на европски пари, злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“...

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција спроведува предистражна постапка по барањето на Европската канцеларии за борба против измами, злоупотребени преку програмата „Еразмус плус“. Со оглед на тајноста на не откриваат повеќе детали.

„По добиеното известување од Управата за финансиска полиција и реализирани работни средби со претставници на ОЛАФ, предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство на организиран криминал и корупција активно спроведува предистражна постапка“ -стои во соопштението од Основното јавно обвинителство.

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир воздржан за овој случај. Порачува – Националната агенција да ги исполнува препораките на Европското тело за откривање на измами и уверува дека соработката ќе продолжи, не да крати пари за програмите од Европските фондови.

„Ние не коментираме одлуки донесени од ОЛАФ-тоа е телото на ЕУ за истражување на измами. Ние очекува од страна на Националната агенција за „Еразмус плус“ да продолжи да ги испорачува и да ги исполнува сите препораки дадени од ОЛАФ. Ние продолжуваме да имаме доверба во работата на самата агенција“, изјави Гир.

Европската канцеларија за борба против измами бара поврат на средствата, злоупотребени во периодот 2016-2018 година.

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми, Ѓоргиевски, објасни дека неправилности се утврдени во проектни досиеја на 22 корисници на грант од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија.

 

Марина Стојанова -Тонева