Економија

Над 17.000 работници не добиле плата два месеци

29.03.2024 14:54

Повеќе од 10.000 работници се обратиле до ССМ. Според податоци на УЈП во февруари повеќе од два пати се зголемил бројот на оние што останале без плата наспорти податоците од јануари годинава...

Повеќе од 10.000 работници се обратиле до ССМ. Претседателот Трендафилов вели 1.700 вработени од „Национални шуми“ два месеци велат останале без плати, наредната недела дел од нив излегуваат на протест.

Проблемите со ликвидноста, недостигот од човечки ресурси што повлекува зголемување на плати и недоволната финансиска помош од државата, се причините дел од компаниите да се доведе во ваква тешка состојба-велат од бизнис заедницата.

Спроведуваме редовни контроли, опоменуваме, блокираме е ставот на Управата за јавна приходи, вели директорката Лукаревска. А според нивните податоци во февруари повеќе од два пати се зголемил бројот на оние што останале без плата наспорти податоците од јануари годинава.

Наспроти тврдењата на бизнисот дека малку пари завршиле во компаниите за да бидат поликвидни, според статистичките податоци од Владата, 530 деловни субјекти за постигнати инвестиции кеширале 39, 6 милиони евра од Буџетот.

 

Александра Велинова