Избори 2024

Партиите ги финализираат пратеничките листи и предизборните коалиции

29.03.2024 14:59

Партиите ги финализираат листите за пратениците, но и предизборните коалиции. Во врвот доминираат партиските претседатели и високи функционери. ВМРО-ДПМНЕ ги потврди имињата на кандидати. На добитните места од проекциите најголем дел повеќе од три четвртини од досегашниот состав на нивни пратеници...

ВМРО-ДПМНЕ обедини 24 партии. На претстојните избори заеднички ќе настапуваат под мотото „Твоја Македонија“. На опозицијата и се приклучија и доскорешните коалициони партнери на владејачката СДСМ. „Обнова за Македонија“ на Љубе Бошковски, „Достоинство“ на Стојанче Ангелов и ДОМ на Павле Трајанов.

„Застануваме зад бранот на промени кои треба да обезбедат стабилна и силна Македонија. Ќе се водиме од принципите на транспарентност и отчетност“, порача Мицкоски кој повика на масовна излезност на претстојните избори.

Изборот пред граѓаните на претстојните избори ќе биде помеѓу надеж и просперитетна европска иднина со СДСМ и безнадежност, враќање 10 години назад со ДПМНЕ, далеку од ЕУ. Вака социјалдемократите ги коментираа составот на кандидатските листи на нивниот опонент.

Али Ахмети ја проширува коалицијата. Кон „Европскиот фронт“ на интегративците се приклучи и партијата на Турците.

Опозициската коалиција „ВРЕДИ“ со обвинувања до ДУИ дека смислил сценарио за предизвикување политичка криза после првиот круг на претседателските избори, со цел да избегне чесно признавање на извесниот пораз. Нивен сон е техничката влада на Талат Џафери да опстои повеќе од предвидените 100 дена.

Кандидатските листи треба да се достават најдоцна до полноќ на 2-ри април. Два дена подоцна стартува кампањата за претседателските избори.

 

Викторија Милевска