Стопанска комора

СДСМ ги претстави проектите пред бизнисмените

29.03.2024 17:15

Социјалдемократскиот сојуз ги стави економските адути од изборната програма пред бизнис еснафот. Ковачевски вели дека е задоволен од дијалогот и важните прашања што ги решавале со стопанството. Азески порача бизнисот да ги обедини сите политички партии, нема враќање назад...

Нема напредна држава без силна економија и здрав приватен бизнис, порача лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски на средбата со стопанствениците. Партискиот економски тим ги претстави проектите од интерес за бизнисмените кои според нив ќе значат поддршка, а ќе придонесат за економски раст и повисок животен стандард.

Азески позитивно ја оцени досегашната соработка со Владата. Потврди дека имало несогласувања, но тие не се рефлектирале на секојдневното функционирање во секторот. Од Комората побараа идната влада, независно кој ќе ја формира, да биде порационална со буџетските трошења.

СДСМ ветува 180 милиони евра за инвестициските циклуси на домашните компании, 3.5 милијарди евра за капитални инвестиции, просечна плата од 1.100 и минимална од 600 евра и 700 милиони евра поддршка за аграрот.

 

Анита Димитријевска – Велковска