54 приведени во големата полициска акција против корупција во БиХ

18.06.2014 16:20

Неофицијално меѓу нив бил и поранешниот директор на Даночната управа Кемал Чаушевиќ...

Припадниците на државната полициска агенција за истраги и заштита (СИПА), синоќа, по налог на државното обвинителство ја започна најголемата повоена акција против корупцијата и организираниот криминалво БиХ, во која досега се приведени 54 лица. Се сомничат за незаконски стекнати милионски суми марки овозможувајќи им на претпријатијата да го избегнат данокот при увоз на текстил и друга стока.
 
Според изјавите на Државното обвинителство 54 лица се уапсени или се држат под надзор. Меѓу нив се и 30 царински работници и како и службеници од Државната даночна управа. Неофицијално меѓу нив бил и поранешниот директор на Даночната управа Кемал Чаушевиќ, за кој медиумите шпекулираат дека има милионски вредни недвижности и дека во времето додека бил на функција купил 7 станови, неколку деловни простории и земјиште во близина на Сараево.
 
Државното обвинителство тврди дека осомничените незаконски се стекнале со милионски вреден имот и друга корист. Специјален тим водел истрага за нив повеќе од 8 месеци.
 
Во Акцијата наречена „Пандора“ учествуваат 300 полициски службеници, а се спроведува во 24 градови во БиХ.
 
Соња Стојановска