Петровска: Нема ништо спорно околу хеликоптерите
Првичната цена предвидена за набавка на осумте воени хеликоптери преку договор со компанијата „Леонардо“ од 230 милиони евра е надмината, па за овие летала се потрошени 249, 9 милиони евра. Министерството за одбрана во рок од 15 дена треба да ја подготви документацијата околу договорот за набавката на хеликоптерите што ја бара Антикорупциска...

Министерството за одбрана во рок од 15 дена треба да ја подготви документацијата околу договорот за набавката на хеликоптерите што ја бара Антикорупциска. Првичната цена предвидена за набавка на осумте воени хеликоптери преку договор со компанијата „Леонардо“ од 230 милиони евра е надмината, па за овие летала се потрошени 249, 9 милиони евра. Министерката за одбрана Петровска, вели дека е подготвена да одговори на сите дополнителни прашања, со став дека законски е утврдена постапката и нема што да се крие.
Антикорупциска за Македонската телевизија потврди дека пред една недела доставила допис до Министерството, со барање за целосна информација околу набавката на хеликоптерите тешки 249,9 милиони евра. Оттаму велат дека за овој случај ќе работат членови на комисијата кои имаат сертификат за државна безбедност и во најкраток можен рок ќе имаат извештај за истиот предмет.
Александра Спировска
