Сообраќај
МВР: 142 санкционирани возачи во Скопје
30.03.2024 08:44
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, имформира МВР.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 142 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, шест мерки за користење на мобилен телефон при возење, три санкции за управување под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението.
