Локални избори во Турција, најжестоката битка ќе се води во Истанбул
Утре во Турција, над 61.4 милиони гласачи на локалните избори ќе можат да изберат градоначалници во 81 турска покраина, во општините и градовите, вклучувајќи градоначалници на најголемите градови...

Утре во Турција, над 61.4 милиони гласачи на локалните избори ќе можат да изберат градоначалници во 81 турска покраина, во општините и градовите, вклучувајќи градоначалници на најголемите градови. Се очекува најжестока политичка битка да се води во Истанбул, каде право на глас имаат 12 милиони луѓе, како и во Анкара.
Низ Турција ќе бидат отворени 209 илјади гласачки места, и тоа во училиштата. Според турскиот закон, учеството на изборите е задолжително, и граѓаните кои нема да гласаат можат да бидат парично казнети.
Изборите ќе ги обезбедуваат дури 594 илјади припадници на полицијата, жандармеријата, крајбрежната стража и доброволци, соопшти турското министерство за внатрешни работи.
