Македонија

Почнува летното сметање на времето

30.03.2024 10:00

Стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00...

Стрелките на часовникот во 2 часот по полноќ ќе се поместат еден час понапред и времето ќе се смета како 03:00. Овој начин на сметање на времето ќе важи до 27-ми октомври годинава, кога во 03:00 стрелките ќе се вратат еден час наназад, па затоа времето во 03:00 часот, ќе се смета како 02:00 часот.

Одлуката за воведување на летното сметање на времето е согласно Законот за сметање на времето („Службен весник на Република Македонија“ бр. 17/96 и 16/97) и согласно европски директиви, информираше Владата во вторникот.