ХОЛАНДИЈА

Непознато лице заробило луѓе во кафуле во Холандија, се евакуираат 150 домаќинства

30.03.2024 11:40

Во гратчето Еде, на помалку од 100 километри од Амстердам, полицијата нареди итна евакуација на 150 куќи во близина на кафулето...

Заложничка драма во кафуле во Холандија. Во гратчето Еде, на помалку од 100 километри од Амстердам, полицијата нареди итна евакуација на 150 куќи во близина на кафулето.

Имено, непознато лице заробило неколку лица, а постои опасност дека со себе носи експлозивна направа. Низ градот е распоредена полиција, а на сите им е наредено да го избегнуваат центарот.