СРБИЈА
Продолжува потрагата по двегодишната Данка
30.03.2024 11:43
Во Бањско Поле крај Бор полицијата интензивно работи на расчистување на теренот и трага по исчезнатото девојче...

Пет дена српската полиција трага по исчезнатата двегодишна Данка Илиќ. Во Бањско Поле крај Бор полицијата интензивно работи на расчистување на теренот и трага по исчезнатото девојче.
Како засилување во местото каде што исчезна девојчето пристигнаа и две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, од Секторот за вонредни состојби на српското МВР.
Екипите ги сочинуваа 18 пожарникари-спасувачи со пет теренски возила и едно куче спасител.
