Поволната бизнис клима во Македонија привлечна за бизнисмените од Ливерпул
Владата е реформски насочена кон подобрување на стандардот на граѓаните во што значаен удел има и привлекувањето на странски инвестиции, истакна пред инвеститорите вицепремиерот Ставрески...

За можностите кои се нудат за инвеститорите во Македонија некои бизнисмени за прв пат слушнаа на форумот во Ливерпул. Меѓу нив е и Мајк Лоренс, менаџер на компанија која се занимава со архитектура, дизајн и градежништво позната во светот по уникатните градби и лидер во примената на современи технологии.
„Денеска разбрав за слободните трговски зони и можноста за развој во Македонија и добив идеја како мојата компанија би можела да го земе во предвид развојот и капацитетот на производството. Во моментот произвдеуваме во Кина, во Чешка и во Италија. Имаме намера да повеќе да бидеме присутни не само на постоечкиот пазар во западна Европа туку и во Источна Европа во Русија. Македонија исполнува голем дел од условите“, изјави Мајк Лоренс, менаџер на компанијата Колброк Босон Саундер.
Владата е реформски насочена кон подобрување на стандардот на граѓаните во што значаен удел има и привлекувањето на странски инвестиции, истакна пред инвеститорите вицепремиерот Ставрески.
„Тоа е еден сеопфатен процес кој подразбира и големи вложувања во повеќе клучни сфери и инвестиции кои ги реализира Владата и покрај предизвиците од светската економска и европската должничка криза. Ја искористивме приликата да отпочнеме добро селектирани проекти, во транспортниот сектор, енергетиката и железничкиот превоз и тоа ни помага да ја подобриме инфраструктурата и логистиката во земјата која им е важна на приватните инвеститори“, нагласи вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Ставрески потенцира дека поволната бизнис клима во Македонија во изминатиот период беше препознаена од повеќе странски инвеститори како Џонсон Мети, Џонсон Контролс, Кемет Електроникс, Амфенол, Кромберг и Шуберт, Дрекселмајер, Ван Хул, Технохозе. Некои од нив инвестираа и во изградба на нови и дополнителни капацитети. Пред бизнис елитата владиниот тим, зборуваше за капиталните објекти кои се започнати. Изградбата на два нови автопати Скопје-Штип и Кичево-Охрид, железничка пруга кон Бугарија, развојот на магистралната и дистрибутивната гасоводна мрежа.
Наташа Јанчиќ
