ПЕРУ
Претрес во домот на претседателката на Перу - не пријавила колекција луксузни часовници
30.03.2024 11:46
Сомневањата за поседување луксузни предмети беше поттикнат од локалните медиуми месецов, по објава на фотографии на кои Болуарте носи луксузни часовници додека беше во владата во 2021-ва и 2022-ра година...

Политички скандал во Перу. Претреси во домот на претседателката Дина Болуарте, како дел од истрагата за незаконско збогатување.
Шефицата на државата се сомничи дека не пријавила колекција луксузни часовници. Сомневањата за поседување луксузни предмети беше поттикнат од локалните медиуми месецов, по објава на фотографии на кои Болуарте носи луксузни часовници додека беше во владата во 2021-ва и 2022-ра година.
Според законот во Перу, претседателката не може да биде изведена пред суд до 2026-та година, до кога и завршува мандатот.
