Штети кај земјоделците кои не ги третираат навреме своите посеви
Агрономите велат дека слаб род може да се очекува на полињата засадени со неквалитетен семенски материјал...

Пепелница, пламеница и жолта ’рга зафатија дел од овошките, житото и виновата лоза. Земјоделците кои не успеаа навреме да ги третираат земјоделските култури ќе имаат штети, но тие не се големи велат агроекспертите. Штети нема кај есенските посеви. Дождот донесе влага ги наполни акумулациите што е поволно за овој период од годината.
„Големи штети нема да има, но сигурно ќе има на есенските посеви на житата од полегнување“, смета агроекспертот Борис Анакиев.
Агрономите велат дека слаб род може да се очекува на полињата засадени со неквалитетен семенски материјал.
„Во оваа фаза нема зелена маса. Не може да налие зрното, бидејќи болестите си го зеле својот данок“, смета Илија Каров, декан на Земјоделски факултет - Штип.
Временските услови не може да го изненадат овој земјоделец од Новосељани. Веќе шеста година применува современи агротехнички мерки. Жнее по 7 тони од хектар.
„Се бориме да ја намалиме нормата на семето. Се гледаат резултатите и тоа пред се на современата опрема што ја имаме“, вели Бубе Трајковски, производител на пченица.
Доколку потраат дождовите ќе се отежни и жнеењето на пченицата. Влагата може да го мувлоса зрното.
Дијана Ценевска
Снимател: Дејан Ацевски
