ОПМ: Листата на производи со ограничени маржи не треба да се укинине
Организацијата на потрошувачи бара проширување на листата со производи со ограничени маржи, а не укинување како што велат од Стопанската комора. Парламентот пред две недели експресно го изгласа Законот за нефер трговски практики, кој треба да стави ред на домашниот пазар. Од државниот пазарен инспекторат велат дека се прават редовни контроли во маркетите...

Листата на производи со ограничени маржи не треба да се укине како што кажаа од Стопанската комора – ова за МТВ го изјавија од Организацијата на потрошувачи кои побараа надградување на листата. Според Маријана Лончар-Велкова, списокот треба да има над 2.500 производи, а досегашното искуство покажало дека пазарот бавно ги регулирал цените, кои само растат.
Според претседателот на најголемата Стопанска комора, Бранко Азески потребни се други пазарни мерки. Од Министерството за економија веќе објавија дека на коморите и бизнис-секторот им била доставена листа од околу 2.500 прехранбени производи кои ќе имаат ограничена маржа.
Од пазарната инспекција за МТВ велат дека прават чести контроли и се чешлаат маркети, согласно Законот. Инспекторите последно затворија два големи маркети – еден во Скопје и еден во Битола.
Парламентот пред две недели експресно го изгласа Законот за нефер трговски практики, кој ќе стави ред на домашниот пазар. Но есапот на пазар и дома не е ист. Статистика измери дека инфлацијата е стабилизирана на 3%, но таа и натаму им ги „јаде“ парите на граѓаните поради скапата храна, која добар дел е од увоз.
Борис Грујоски
