Македонија

Бојмацалиев очекува брза разрешница на убиството на лекарот

30.03.2024 17:03

Сè уште е на слобода убиецот на лекарот од Железара. Но, брза разрешница на случајот очекува заменик-министерот за внатрешни работи Бојмацалиев...

Сè уште е на слобода убиецот на лекарот од Железара. Но брза разрешница на случајот очекува заменик министерот за внатрешни работи Бојмацалиев.

Претходно од Обвинителството беше соопштено дека двајцата приведени, по истекот на 48-часовниот куќен притвор ќе бидат пуштени, затоа што не се докажало дека се сторителите на делото. Според Обвинителството, вештачењето од Судска медицина не обезбедило докази, па за тие лица нема да се бараат мерки за претпазливост. Но, забрзано продолжуваат координирани дејствија со полицијата за откривање на убијците.

Иако, според МВР, делото не било извршено поради причини поврзани со лекарската професија, односно, дека не се работи за однос пациент-лекар, сепак од Комората предупредија дека насилството спрема лекарите расте и дека е загрижувачко

Со новите законски одредби, напад на здравствен работник се смета за напад на службено лице. За поголема безбедност министерот за здравство, Демири, побара да се направат анализи за да се овозможи полициско присуство во здравствените установи, како по примерот на Клиничкиот центар.

67-годишниот матичен лекар од Скопје, беше пронајден со неколку убодни рани од нож, во својот автомобил на паркингот пред Поликлиниката Железара.

 

Фиљана Кока