Македонија

Во Скопје протест за правото на заедничко родителство по развод

30.03.2024 17:18

Кога бракот завршува, родителството продолжува. Здружението „наши“ пред Владата побара да се донесе нов закон за семејство со вклучено заедничко родителство…

Поради лажна изјава дадена од сопругот, Центарот за социјална работа и ги одзел децата. Ивана Коцевска, повеќе од шест месеци добила забрана да не ги гледа најсаканите.

Коцевска е само дел од родителите кои по разводот поминуваат низ голгота. Кога бракот завршува, родителството продолжува. Со оваа порака, здружението „Наши“, пред Владата побара да се донесе нов закон за семејство со вклучено заедничко родителство.

Првиот човек на оваа организација, вели дека по разводот децата не треба да бидат доделени кај еден старател, оти ним им се потребни двајцата родители.

Од здружението со повик и до пратениците да ги прифатат нивните предлози и да донесат нов закон кој нема да е дискриминаторски кон родителите.

 

Викторија Милевска