Сообраќај
МВР: 135 санкционирани возачи во Скопје
31.03.2024 08:49
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР,
На територија на град Скопје изречени се вкупно 135 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 57 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, пет мерки за некористење на сигурносен појас, 11 санкции за управување под дејство на алкохол...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението.
