Католички велигден
Католиците го слават Велигден
31.03.2024 10:32
Христијанските верници кои се раководат по грегоријанскиот календар денеска го празнуваат Христовото воскресение, Велигден...

Христијанските верници кои се раководат по грегоријанскиот календар денеска го празнуваат Христовото воскресение, Велигден. Поглаварот на римокатоличката црква, папата Франциск, присуствуваше во базиликата Свети Петар во Рим за да претседава со велигденското бдение, еден ден откако го откажа учеството во поворката на велики петок, што предизвика нови шпекулации за неговото здравје.
Папата пристигна со инвалидска количка за да ја води прославата која траеше најмалку два часа. Присутни беа илјадници аџии од целиот свет.
