Израел

Протести во Израел, се бара оставка од Нетанјаху

31.03.2024 10:55

Демонстрантите во Тел Авив повикаа на предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држи Хамас во појасот Газа...

Илјадници израелци излегоа на улиците, барајќи оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху. Демонстрантите во Тел Авив повикаа на предвремени избори и ослободување на преостанатите заложници кои ги држи Хамас во појасот Газа.

Протести се одржаа и во други израелски градови, вклучувајќи ги Ерусалим и Хаифа. Беше побарано од Нетанјаху да му даде „широк мандат“ на преговарачкиот тим да преговара за ослободување на преостанатите заложници, во замена за прекин на огнот во Појасот Газа и ослободување на палестинските затвореници.

Противниците на владата на Нетанјаху планираат големи протести во Ерусалим, за кои најавуваат дека ќе траат неколку дена.